Четири екипи денеска по нокаут-фаза во Лигата на шампионите!

фото: твитер

Денеска се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите со натпреварите од четвртото коло, во рамките од „Х“ групата екипата на Манчестер јунајтед на својот „Олд Трафорд“ ќе се обиде да му се реваншира на Башакшехир за поразот во Турција.

Европскиот вицешампион ПСЖ не смее да си дозволи никаков кикс, париските „светци“ со години веќе вложуваат милиони евра за конечно клубот да се најде на тронот во ЛШ. Во спротивно евентуален лош резултат против Лајпциг ќе значи уште поголемо разочарување за управата и фановите на оваа екипа.

Во групата „Г“ Барселона и Јувентус со нови победи против Динамо Киев, односно Ференцварош и официјално би го обезбедиле своето место во нокаут-фазата.

А истото можат да го направат Челси и Севиља во групата „Е“, лондонските „сини“ гостуваат кај францускиот Рен, Шпанците играат против Краснодар во Русија.

Доста неизвесно е во групата „Ф“, Дортмунд ќе се обиде уште еднаш да ја оправда фаворитската улога против Клуб Бриж, а Лацио во намерата да го „откаже“ Зенит од борбата за првите две позиции.

Лига на шампиони 2020/21

4. коло, двојки –

Група „Е“

18.55 часот Краснодар-Севиља
18.55 часот Рен-Челси

Табела: Челси 7 бодови, Севиља 7, Краснодар 1, Рен 1.

Група „Ф“

21.00 часот Дортмунд-Клуб Бриж
21.00 часот Лацио-Зенит

Табела: Дортмунд 6 бодови, Лацио 5, Клуб Бриж 4, Зенит 1.

Група „Г“

21.00 часот Динамо Киев-Барселона
21.00 часот Јувентус-Ференцварош

Табела: Барселона 9 бодови, Јувентус 6, Динамо Киев 1, Ференцварош 1.

Група „Х“

21.00 часот Манчестер јунајтед-Башакшехир
21.00 часот ПСЖ-Лајпциг

Табела: Манчестер јунајтед 6 бодови, Лајпциг 6, ПСЖ 3, Башакшехир 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот