Честитката на Вилијам и Кејт упатена до Меган Маркл ги разбесни фановите (ФОТО)

Британските медиуми веќе со месеци зборуваат за лошите односи меѓу Кејт Мидлтон и Меган Mаркл, а многумина сметаат дека ова е уште еден доказ дека тие не се поднесуваат.

Меган Mаркл во неделата го прослави својот 38 роденден.

Честитки и пристигнаа од сите краеви на светот, но на фановите на кралското семејство особено интересна им беше онаа која пристигна од Кенсингтонската палата, односно од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Тие и испратија честитка на Инстаграм:

– И посакуваме најсреќен роденден на војвотката од Сасекс – а додадоа и емотикони со балони.

Но, фотографијата која ја избраа покрај честитката не им се допадна на фановите на Меган Маркл. Тие сметаа дека не е во ред тоа што покрај неа на сликата се и Хари, Чарлс, Вилијам и Кејт.

А бидејќи Кејт е во средина, обожавателите на Меган сметаат дека таа на тој начин сакала да покаже дека таа е сопругата на идниот крал.

Фановите биле разочарани од овој потег, прашувајќи се дали „Меган е толку небитна?“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот