Чесите славеа над Израел и обезбедија осминафинале на ЕП

Фото: fiba.basketball

Кошаркарите на Чешка го победија Израел во Прага со 88:77 со што го освоија четвртото место во групата Д и обезбедија пласман осминафиналето на Европското првенство.

Двете репрезентации настапите во групната фаза ги завршија со две победи и три порази, но Израел си оди дома поради поразот во вечерашниот натпревар, а Чешка во осминафиналето ќе игра против Грција која е прва во групата Ц.

Чесите постојано беа во водство, на полувремето имаа плус 16, но Израелците не се предадоа и во третата четвртина дојдоа до минус два, но немаа сили за целосен пресврт.

Хрубан постигна 25 поени, Саторански беше одличен и блиску до трипл-дабл со 14 поени, 11 асистенции и осум скока, а Весели додаде 16 поени. Кај Израел најдобри беа Џем Мадар со 16 поени, Џинат постигна 15 поени, а Авдија и Менко по 12 поени.

Грција предводена од Јанис Адетокумпо без проблеми со 90:69 ја совлада Естонија и го освои првото место во групата Ц. Кошаркарот на Милвоки бакс вообичаено беше прво име на натпреварот со 25 поени, додека Слукас даде 11 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот