Чешки доктори породиле бебе 117 дена откако на мајката ѝ е утврдена мозочна смрт!

илустрација

Кога во април годинава со хеликоптер во болница е довезена жена во несвесна состојба која во 15. недела од бременоста претрпела мозочен удар, шансите за да преживее биле мали, а само малку поголеми биле шансите за преживување на бебето што го носела.

Меѓутоа, и покрај лошите прогнози, на 15 август со царски рез е родено бебе тешко 2,13 кг и долго 42 см.

Тие 117 дена, колку што ја одржувале во живот, веројатно се рекорд за најдолга вештачки одржувана бременост на мајка чиј мозок е мртов.

Кога ја примиле во болницата, лекарите 27-годишната жена ја ставиле на вештачко одржување на животот, па дури редовно ги движеле нејзините нозе за со симулација на одење да помогнат во растот на детето.

По породувањето, со присуство на сопругот и на другите членови од семејството, докторите го запреле системот за одржување во живот на мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот