Чешка со жестоки реакции до Орбан за споредбата на евроинтеграцијата со плановите на Хитлер

Виктор Орбан
Виктор Орбан / 30 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски жестоко реагираше на споредбата на европската интеграција со плановите на Адолф Хитлер што неодамна ја направи унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува „Еурактив“.

„Византијците, Карло Велики, Бизмарк, Наполеон и Хитлер: сите тие, иако под превезот на различни принципи, сонуваа за европско единство“, истакна унгарскиот премиер минатата недела.

Липевски нагласи дека „никој не ја тера“ Унгарија да биде дел од европската заедница ако во неа се чувствува непријатно, а на критиките кон Орбан се приклучи и еврокомесарката од Чешка, Вера Јоурова, која тврди дека „Унгарците избегнуваат да се фотографираат со неа во Брисел за да не се соочат со прогон дома.“

Јоурова оцени дека со секоја таква изјава се урнисова репутацијата на Унгарија, а на прашањето дали се уште смета дека Унгарија е демократска земја, таа одговори дека одамна се сомнева во тоа.

Чешката еврокомесарка нагласи дека и покрај реториката на Орбан, некои унгарски дипломати и понатаму се отворени за евентуален компромис за прашањта за кои е потребна едногласност на ниво на ЕУ, како што е, на пример, прашањето за санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот