Фото: JESHOOTS / Pexels

Чешка прва во ЕУ што дозволува да се вози 150 километри на час по автопат

Чешка стана првата земја во Европската Унија што ја зголеми максималната дозволена брзина на делови од своите автопати од 130 км/ч на 150 км/ч на пробна основа.
Тестирањето започнува кон крајот на септември на 50-километарската делница од автопатот D3, која ги поврзува Табор и Чешке Будејевице, на патот од Прага до Линц. На таа делница веќе се инсталирани електронски сообраќајни знаци со променливи ограничувања на брзината.

Иако сообраќајот сè уште не е целосно дозволен за сите автопати , Управата за патишта и автопати на Чешка потврди дека тестирањето на новиот сообраќаен режим е пред старт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот