Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Чешка предлага построги правила за украинските бегалци

Чешката влада денеска одобри измена на законот со која би се поостриле правилата за престој и финансиска поддршка за украинските бегалци, наведувајќи дека на тој начин реагира на злоупотребата на помошта и на перцепцијата според која бегалците во некои аспекти имаат предност во однос на локалното население, пренесува Ројтерс.

„Земјата со повеќе од десет милиони жители прими 385.000 украински бегалци“, изјави министерот за внатрешни работи Лубомир Метнар на прес-конференција.

Според податоците на ЕУ, Чешка е домаќин на најголемиот број украински бегалци по глава на жител во Европската Унија.

Метнар изјави дека целта на владата е да ги поостри правилата кога станува збор за хуманитарната помош и дозволите за престој во земјата, со цел да се исклучат оние кои не живеат таму континуирано. Исто така, ќе се укине и исклучокот според кој украинските автомобили беа ослободени од технички прегледи.

Предлозите треба да добијат одобрение од парламентот.

Метнар додаде и дека во расправите во рамките на Европската Унија за продолжување на заштитата на бегалците по март 2027 година, би требало да се вклучат предлози за намалување на заштитата, што би овозможило од програмата да се исклучат воено способните мажи, со оглед на недостигот на воен персонал во Украина и на луѓе достапни за работа на обновата на земјата.

Украинците побрзо станале германски работници од другите бегалци, покажува студија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот