Челзи му го расипа дебито на Гризман (ВИДЕО)

twitter.com/INDOBARCA_JOGJA

Гризман кој дојде од редовите на Атлетико Мадрид неуспешно дебитираше во дресот на Барса во чии редови пак не настапи првата ѕвезда Лионел Меси.

Лондонскиот клуб најпрвин поведе во 34 минута од средбата. Една аматерска грешка направи дефанзивецот на Барса, Серхио Бускетс кој имаше намера да додаде до својот тимски колега.

Но, топката му беше украдена, таа се одби до Абрахам кој се ослободи од противничкиот голман и стрелаше во мрежата.

https://twitter.com/SwypeSports/status/1153624057222488065

Претходно најголемото летно засилување на Барса, Антоан Гризман имаше незгоден контакт со Жоржињо. Навивачите за момент беа во страв во 17 минута кога Французинот остана да лежи на теренот. За среќа, последните информации велат дека не станува збор за нешто посериозно, иако последниот збор секогаш го има лекарскиот тим.

https://twitter.com/spotekx/status/1153619344905125888

Светскиот шампион на паузата беше заменет од Рафиња, двајцата тренери Валверде и Лампард направија голем број на промени давајќи им шанса на скоро сите свои фудбалери.

Сите дилеми беа решени во 81 минута кога Баркли со еден убав удар го матираше Аризабалага, а екипата од „Камп Ноу“ успеа во самиот финиш (90+1) само да го ублажи поразот со прекрасниот погодок на Ракитиќ.

https://twitter.com/ayedvic/status/1153639508400844800

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот