Челси ќе купи и нов бек за 80 милиони фунти!?

фото: твитер

Откако претходно лондонските „сини“ за 45 милиони фунти го ангажираа напаѓачот од Лајпциг, Тимо Вернер, британските медиуми предвидуваат нов трансфер на „Стемфорд бриџ“.

Според „Дејли Експрес“, Челси е во разговори со Лестер за обезбедување на услугите на Бен Чилвел.

Изворот пишува дека менаџерот Френк Лампард за левиот бек на „лисиците“ нуди 80 милиони фунти.

23-годишниот дефанзивец има досега 11 настапи за најдобрата англиска репрезентација. Од 2015 година е член на Лестер, а беше и на позајмица во редовите на Хадерсфилд таун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот