Челси и Тухел во обид да постават нов рекорден трансфер

Менаџерот на Челси, Томас Тухел во обид да го ангажира Де Лихт од Јувентус/Лондон, Велика Британија/21 март 2021/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Централниот дефанзивец на Јувентус, Матијас де Лихт е новата голема трансфер желба на менаџерот на Челси, Томас Тухел. Германецот сакаше да ја засили својата одбрана ова лето, но потоа клубот не успеа да го финализира трансферот на Жол Кунде, а во Франција тврдат дека понудата од 100 милиони за Маркињос била одбиена од ПСЖ.

Според „Мирор“, од Стемфорд Бриџ се подготвени да платат 103 милиони фунти (120 милиони евра) за Холанѓанецот Де Лихт, што значи дека клубот е во обид да го подобри својот трансфер рекорд, што го постави со ангажирањето на Ромелу Лукаку за кого беа платени 97,5 милиони фунти.

Тухел во моментов ги има Андрес Кристинсен, Тиаго Силва и Антонио Рудигер. Сите тројца се претставија добро од почетокот на сезоната, а лондонските „сини“ примија само еден гол во првите пет кола од Премиер лигата.

No, иднината на сите тројца е неизвесна, бидејќи нивните договори истекуваат по крајот на сезоната.

Во Јувентус се надеваат дека 22-годишниот Де Лихт ќе потпише нов договор до крајот на сезоната. Во неговиот сегашен договор постои ослободителна клаузула која може да се активира следното лето. Според Фабрицио Романо, неговата сума е 150 милиони евра.

Видео на денот