Челси и Јувентус пред договор, Сари го носи миленикот во Торино

EPA-EFE/ANDY RAIN

Двете екипи се наоѓаат во завршна фаза од преговорите и прашање на денови е кога ќе биде официјализирана размената.

Јувентус и тренерот Маурицио Сари се чини дека размената со Барселона ја ставија во втор план и се насочија кон преговорите со Челси кои изгледа експресно ќе завршат со договор.

Сари ќе го добие својот омилен фудбалер, Жоргињо, додека во спротивен правец би заминал Федерико Бернадески.


Италијанскиот репрезентативец е проценет на 40 милиони евра и би претставувал идеално засилување за Челси бидејќи се знае дека по завршување на сезоната, тимот од „Стемфорд бриџ“ ќе го напушти Вилијан, а најверојатно истото ќе го стори и Педро кој има понуда од Рома и од Барселона.

Сари го тренираше Жоргињо во Наполи, а кога седна на клупата на Челси во 2018 година со себе го донесе и натурализираниот италијански репрезентативец.

Двете екипи со согласија за размената, а според италијанските медиуми зелено светло дал и Жоргињо, додека се чека потврден одговор уште од Бернадески.

Доколку пристигне во Челси, се очекува Бернадески да има загарантирано место во првиот тим токму поради заминувањето на Вилијан, а менаџерот на „сините“, Френк Лампард планира тимот да го засили на бековската позиција и во нападот.

Бен Чилвел

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович е подготвен да плати 60 милиони евра за левиот бек на Лестер, Бен Чилвел, додека за второто засилување го очекува жестока борба со Манчестер јунајтед.

twitter/United News Hub

На списокот на желби на Лампард и на Абрамович е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд но за него ќе мора да издвојат најмалку 100 милиони евра бидејќи „милионерите“ ги известија сите екипи дека пандемијата на коронавирусот нема да ја намали цената на одличниот англиски репрезентативец,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот