Челниците на Фејсбук, Гугл, Епл и Амазон ги отфрлија обвинувањата за монопол на пазарот

Тоа беше нивно прво заедничко сослушување и првпат Безос да се појави пред конгресмените.

Лидерите на четирите најголеми американски технолошки компании – Фејсбук, Амазон, Гугл и Епл – вчера пред Конгресот по ред ги отфрлаа обвинивањата за монопол на дигиталниот пазар, загушување на конкуренцијата и договарање со демократите во американската претседателеска кампања.

Марк Цукерберг од Фејсбук, Џеф Безос од Амазон, извршниот директор на Гугл Сундар Пичаи и Тим Кук од Епл, чии компании имаат пазарна вредност од пет трилиони долари, на сослушувањето преку повеќечасовна видео конференција, одговарајќи на прашањата од конгресмените, ги отфрлија обвинувањата дека оштетиле помали компании во онлајн огласувањето и порачаа дека ги поддржуваат двете кампањи за претседателските избори.

Тоа беше нивно прво заедничко сослушување и првпат Безос да се појави пред конгресмените.

Злоупотреба на пазарната превласт

Водечките технолошки компании се осомничени за кражба на содржина, гушење на конкуренцијата и општа злоупотреба на пазарната превласт, склучувајќи и аквизација на ривалите. Конзервативците исто така тврдека дека ги цензурирале нивните ставови.

Така републиканецот Џим Џордан ги обвини компаниите дека им оневозможуваат на конзервативците контакт со приврзаниците, а претходно денеска претседателот Доналд Трамп се закани дека ќе „внесе правда“ во главните технолошки компании преку донесување на извршни уредби.

На прашањето на Џордан дали Гугл ќе му помогне на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, Пичаи одговори; „Ги поддржуваме двете кампањи. Нашата пристап во работата е непристрасен“.

Републиканскиот претставник Мер Гец го притисна Цукерберг  обвинувајќи ги модераторите од Фејсбук за неповолните објави за конзервативците, на што Цукерберг одговори дека тие се неутрални. „Сакаме да бидеме платформа за сите идеи, без пристрасност“, истакна тој.

Марк Цукерберг ја оправда доминацијата на Фејсбук во социјалните мрежи, тврдејќи дека во 2012 година, Инстаграм бил „мала апликација за споделување фотографии”, но тој од неа направил феномен на социјалните медиуми.

Безос, пак, не негираше дека Амазон користи податоци од трети лица (продавачи) за креирање сопствен план за пристап до купувачите, претпазливо одговарајќи како тие воделе политика против таквите обиди. „Ако откривме дека тоа некој го прекршил, ќе преземевме акција против нив”, рече тој.

Тим Кук ги отфрли обвиненијата за нечесен однос кон конкуренција и високите провизии кои Епл ги наплаќа од креаторите на апликации за App Store. „Не се согласувам со тоа”, истакна Кук, објаснувајќи дека програмерите се натпреваруваат, а можат да пишуваат апликации и за Андроид или Виндоуз или за Иксбокс или ПлејСтејшн.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот