Чековски е новиот тим-менаџер на македонската сениорска репрезентација
Непосредно пред стартот на претквалификациите за пласман на Евробаскет 2025, поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Чековски ќе биде дел нашиот најдобар машки национален тим.
Препорачано
Чековски е новиот тим-менаџер на македонската машка сениорска репрезентација. Тој беше член на најславната селекција на Македонија која во 2011 година го освои четврттото место на Евробаскетот во Литванија.
Ја добива новата функција во националната селекција на три дена пред првиот натпревар на Македонија во претквалификациите за ЕП против Данска во Нествед.
Ова е своевидно враќање на 43 годишната македонска кошаркарска легенда во кошарката по неколкумесечна пауза, откако на почетокот од годинава си замина од Работнички каде работеше како спортски директор кај нашиот најтрофеен кошаркарски колектив.
Крилниот центар беше еден од најдолговечните кошаркари во Македонија и играше, безмалку, до својата 40 година. На терените, како професионалец, беше повеќе од две децении, почна во Работнички под водство на Марин Докузовски, а играше и во Алумина, Слован, Приштина, Академик, Черкаски Мавпи, Фени Индустри, Феро и МЗТ Скопје.


