Чекор напред на американската компанија: „Пејпал” воведува услуга за плаќање со криптовалути

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и држење на биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците.

Сопствениците на сметки во САД ќе можат да купуваат, да продаваат и да држат криптовалути во своите паричници во PayPal веќе во наредните недели, а во првата половина на 2021 година PayPal има намера да ги понуди овие услуги на платформата за плаќање преку мобилната платформа Venmo и во некои земји.

PayPal веќе има добиено првична, условна лиценца од Одделот за финансиски услуги на државата Њујорк и во првата фаза ќе дозволи само купување на биткоин, на етереум, на биткоин готовина и на литекоин, се вели во соопштението.

Услугата ќе се обезбеди во соработка со Paxos Trust. Од почетокот на 2021 година, корисниците на PayPal, исто така, ќе можат да плаќаат со криптовалути на 26 милиони трговци во мрежата на PayPal, објави американската компанија.

Плаќањата во криптовалути преку Paypal ќе бидат порамнети во утврдени валути, како што се долари, што значи дека трговците нема да добиваат плаќања во виртуелни пари, нагласи компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот