Чави: Разочаран сум од одлуката на Дембеле, многу добро се однесувавме кон него

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Усман Дембеле (26) дојде во Барселона пред шест години како „новиот Нејмар“. Така беше и платен. Тогаш Борусија Дортмунд доби дури 135 милиони евра за тинејџерот кој во клубот беше само една сезона. Дембеле со тоа стана најскапиот играч во историјата на Барселона. Но, наскоро тој се приклучи на серијата најскапи промашувања на клубот.

Дембеле имаше одлични партии во Барселона, но остана запаметен пред сè по огромните осцилации, незрелоста и низата повреди. Затоа учинокот на десното крило од 185 натпревари, 40 гола и 43 асистенции се смета за недоволен и недостоен за огромната цифра што беше платена за него.

На крајот, што се однесува до Дембеле, Барселона остана покуса за цели 110 милиони евра. Имено, тој договорил сè со ПСЖ околу трансферот во тој клуб благодарение на клаузулата во договорот со Барселона.

Според неа, тој би можел да замине во клуб кој за него нуди 50 милиони евра најдоцна до 31 јули оваа година. Претходната ноќ нешто пред полноќ ПСЖ испрати официјална понуда со таа сума, а Дембеле и писмено побара од Барселона да го пушти. Така, Барселона мораше да се откаже од играчот во кој веруваше и застана зад него и во лошите моменти, што беше често, и му даде продолжување на договорот.

– Ни кажа дека сака да си замине по предлогот на ПСЖ. Штета, многу добро се однесувавме со него овде во Барселона. Разочаран сум од неговата одлука – изјави тренерот на Барселона, Чави Ернандез за ТВ3 за Дембеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот