Чави: Пјаниќ реши да си замине од Барса, секој си го избира својот пат

Миралем Пјаниќ ја продолжува кариерата во ОАЕ/ фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Миралем Пјаниќ кариерата ја продолжува во Шарџа од Обединетите Арапски Емирати, информира Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога се во прашање трансферите, објави дека е постигнат договор меѓу двете страни.

Пјаниќ беше изоставен од тимот на Барселона кој игра во Лигата на шампионите против Плзен, а трансферот го потврди каталонскиот тренер Чави.

– Пјаниќ реши да си замине од Барса за повеќе можности. Отсекогаш беше голем професионалец, мислам дека имаше шанси тука, но секој си го избира својот пат – се зборовите на Чави.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, 32-годишниот играч од средниот ред, на „Камп Ноу“ пристигна пред две години за 60 милиони евра од Јувентус.

Не се снајде во Барса, па минатата сезона ја помина на позајмица во турскиот клуб Бешикташ. За Барселона одигра 30 натпревари, не запиша ниту еден гол, ни асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот