Чарлс јавно ѝ се заблагодари на мајка си откако таа изрази желба Камила да ја добие титулата кралица
Принцот Чарлс ѝ оддаде почит на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, на 70-годишнината од нејзиното владеење.
Препорачано
Кралски пресврт: Елизабета Втора сака Камила да биде назначена за кралица!
Чарлс исто така, ѝ се заблагодари што изјави дека се надева и дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила, да ја добие титулата кралица, кога тој ќе стане крал.
„Длабоко сме свесни за честа што ни ја укажа мајка ми со нејзината желба. Додека заедно настојувавме да ѝ служиме на Нејзиното височество и да ја поддржуваме и неа и луѓето од заедницата, мојата драга сопруга беше моја постојана поддршка во текот на целиот период“, рече Чарлс.
View this post on Instagram
„Годината на овој невиден платинест јубилеј ни дава можност заедно да ја прославиме работата на кралицата, а нејзиниот пример ќе не води во годините што доаѓаат“, додаде тој.
За потсетување, кралицата Елизабета Втора ја слави 70-тата годишнина од своето владеење во кругот на семејството. Ова е нејзина прва година на владеење без нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021 година на 99-годишна возраст.


