Чамец се преврте кај Ада Хуја во Белград, тројца исчезнати

Три лица се водат како исчезнати откако чамец се преврти на Ада Хуја во Белград, јавува „РТС“. Еден човек успеал да се спаси, изјавија за „РТС“ од итната медицинска помош. Спасувачите трагаат по исчезнатите.
Итната помош добила информација дека чамецот се превртел синоќа пред 23 часот. Докторот Александар Чукановиќ за „РТС“ изјави дека добиле информација дека на релација Ада Хуја до Земун се превртел чамец.
„На лице место затекнавме едно машко лице кое било во изнемоштена состојба. Тоа лице успеало да исплива од Дунав и укажана му е помош, а потоа беше пренесен во болница“, посочил докторот.
Според него, уште три лица се водат како исчезнати.
Илија Шкориќ, началник на полициската станица за безбедност на реките, изјави дека полицијата врши претреси на Дунав и Сава.
„Синоќа околу 22 часот и 30 минути добивме пријава дека се превртел чамец со четири лица. Едно од четирите лица успеало да доплива до левиот брег на реката Дунав. Три лица се водат како исчезнати“, изјави Шкориќ.