Чаирскиот градоначалник Ганиу: Сопственикот на „Фонтана“ ме информира дека го враќа објектот во првобитната состојба

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека тој не дал никаква дозвола за градење на кафулето што беше урнато во ТЦ „Мавровка” и оти сопственикот веќе имал дозвола пред објектот да биде зафатен со пожарот. Тој посочи дека од сопственикот бил информиран оти сака да го врати објектот во првобитната состојба.

– Не сум дал дозвола за градење на изгореното кафуле во ТЦ „Мавровка”. Кафулето имаше дозвола пред да да биде зафатено со пожарот. Законот е дециден. При елементарни непогоди, како поплава или пожар, сопственикот може да врати објект во првобитна состојба и без да земе дозвола од општината, бидејќи од претходно ја имал. Кога сопственикот почна да гради, бевме информирани дека го враќа во првобитна состојба. Меѓутоа, кога воочивме дека излегува од таа предвидена површина, за која имаше документи, и плус одеше со бетон на градбата од челична конструкција, тогаш интервенира Општина Чаир, рече Ганиу.

Работните дејствија, посочи тој, се прекинати, бидејќи има еден дел каде излегува од подлогата на објектот што постоеше на таа квадратура.

– Не можевме да го рушиме со механизацијата, бидејќи од големите вибрации што ги создава ќе ги уништевме излозите на сите дуќани во приземјето и на првиот спрат. Затоа бевме принудени да прекинеме. Сопственикот ни даде збор дека со специјални машини, ќе го тргне делот со бетон и ќе продолжи да го враќа објектот во првобитна состојба. Од сопственикот имаме информации дека во нашата земја само една фирма од Гостивар го прави тоа и откако ќе биде отстранет тој дел ќе го врати во првобитната состојба, потенцира Ганиу.

Тој истакна дека објектот немал доволно столбови и тоа го констатирале и архитекти.

– Во случај на поголем земјотрес, објектот ќе се распадне од внатре и може да настрадаат луѓе. Сега бараме повеќе столбови, со цел при некаква елеметрана непогода да не настрада некој, рече Ганиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот