Чадор за сонце ПРОБОДЕ дете – За влакно го промаши СРЦЕТО (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

На плажата Gold Harbor во Глостер се случила несекојдневна несреќа. Чадор за сонце носен од ветерот се забил во левото рамо на 13 годишно момче и за влакно го промашил срцето.

Детето, кое од Флорида пристигнало на посета на своите роднини е оперирано во болница, а докторите рекле дека ќе закрепне. Сведоци на оваа морничава несреќа велат дека е вистинско чудо што детето е живо и што спасувачите биле на лице место. Посетителите на плажата со ужас гледале како чадорот за сонце носен од ветрот летнал право во група на луѓе.

– Одмаравме на плажата, а потоа одеднаш прелета чадор за сонце низ воздухот и луѓето почнаа да вриштат. Сите истрчаа и видов крваво дете како лежи на песокот, рекла Стефани Питерс од Кембриџ која присуствувала на инцидентот.

Лора Вуд од Роули вели дека чадорот бил носен од ветерот и удрил две жени во главата, а потоа паднал доле притоа прободувајќи ја раката на детето кај пазувите.

– Имаше крв на сите страни, додала таа.

Кога чадорот го пробил рамото на детето, неговата мајка почнала да вика за помош.

– Сите се испаничија. Слушнав жена како вика, а потоа видов како чадорот летнува на детето. Неговата мајка ги викна спасувачите, раскажал Брендон Филипс кој тој ден бил на плажата.

За среќа на детето, на лице место била присутна медицинска сестра која помогнала покрај спасувачите.

Експертите ги предупредиле луѓето дека чадорите за сонце можат да бидат опасни ако не се зацврстат, а овој инцидент е потсетник на тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот