Вашингтон подготовка за инагурацијата на Трамп фото EPA-EFE/GRAEME SLOAN

Церемонијата на инаугурација на Трамп започнува денеска со огномет: 25.000 полицајци и војници ќе бидат на улиците на Вашингтон

Со огномет денеска официјално ќе започне церемонијата на инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопшти Комитетот за инаугурација.

Повикувајќи се на извори од Комитетот, порталот „Лајвминт“ наведува дека церемонијата ќе трае вкупно четири дена, а во неа ќе бидат вклучени и три ВИП настани на теренот за голф на Трамп, како и неговиот победнички митинг утре.

Вашингтон подготовка за инагурацијата на Трамп фото EPA-EFE/GRAEME SLOAN

Трамп ќе биде формално инаугуриран како 47-ми претседател на САД во понеделник, 20 јануари.

Околу 25.000 полицајци и војници ќе бидат задолжени за обезбедување на безбедноста за време на инаугурацијата.

Џон Коен, поранешен директор на бирото  за борба против тероризмот кој помогна во планирањето на безбедносните мерки за инаугурацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден во 2021 година, предупреди дека нивото на безбедносна закана е повисоко отколку што тоа  беше пред четири години.

Шефот на полицијата на Капитол, Томас Менгер, рече дека „осамените спијачи“ претставуваат најголема закана за безбедноста за време на инаугурацијата.

Вашингтон подготовка за инагурацијата на Трамп фото EPA-EFE/GRAEME SLOAN

Според Fox News, на инаугурацијата се очекува да присуствуваат околу 250.000 луѓе. Главната церемонија е предвидено да започне на 20 јануари во 18:00 часот.

Трамп вчера објави дека неговата инаугурација во понеделник ќе се одржи во затворен простор, поради најавените екстремно ниски температури во областа Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот