Целосна промена на имиџот на згодниот срцекршач, фановите се воодушевени: Изгледа како секси професор од универзитет

Фото: imago stock&people / Profimedia

Холивудскиот актер, Крис Еванс, кој го глумеше Капетан Америка деновиве го промовира неговиот нов филм, акционата комедија „Red One“.

43-годишниот актер, кој пред две години ја освои титулата за најсекси маж на светот, ги изненади фановите со својата трансформација.

Со подолгата темната коса и густата брада Еванс изгледа сосема поинаку отколку што навикнавме да го гледаме на црвениот тепих.

Трансформацијата на Еванс ги воодушеви обожавателите: „Изгледа како секси професор од универзитет“, „Толку е згоден“, „Закачете му ја сликата во Лувр“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Huso / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Еванс во „Red One“ глуми заедно со Луси Лиу и Двејн Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот