Царовска: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за наставници со кој ќе се заштитат наставниците и ќе се зголеми нивното достоинствo

Мила Царовска
Мила Царовска / Фото: Министерство за образование и наука
„За секој работник и за секој што е вклучен во системот треба да има раст на платите. Треба да работиме на подобрување на стандардот на живеење. Со Законот за наставници предвидовме усогласување на платата на наставниците со минималната плата за никогаш да нема девалвација на платите. Со овој закон исто така се предвидува и вработување на неопределно време на наставниците, за тие да не бидат политички манипулирани“ кажа министерката за образвоание Мила Царовска во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5.

Таа додаде дека со новиот закон, наставникот со највисок квалитет ќе се вработува и никој нема да може партиски да го манипулира.

„Во законот предвидовме вработување на неопределено време, за разлика од претходно кога се вработуваа со договори на определено време. Само така ќе спречме партиски вработувања“ кажа Царовска.

Министерката додаде дека таа и во пракса покажа дека не се грижи кој од која партија е при избирот на менторите, каде што беа избрани најдобрите, без разлика дали се во некоја партија или не.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот