Буркина Фасо/ Фото: Issouf SANOGO / AFP / Profimedia

Буркина Фасо ги укина сите политички партии и законската рамка што ги регулира

Воената влада во Буркина Фасо денес ги укина сите политички партии и ја поништи законската рамка што ги регулира нивните активности, според декретот одобрен од Советот на министри на оваа западноафриканска земја.

Со декретот се распуштаат сите политички партии и формации, а законот што ги укинува нивните статути и го регулира финансирањето на партиите, како и статусот на лидерот на опозицијата, ќе биде проследен до сегашниот преоден совет.

Целиот имот на распуштените партии ќе биде префрлен во државна сопственост. Одлуката на воената влада, која ја презеде власта во септември 2022 година, е дел од зајакнувањето на контролата по прекинот на политичките активности по државниот удар, според Ројтерс.

Министерот за внатрешни работи Емил Зербо изјави дека целта е поширока реформа на „обновување на државата“ по, како што рече, широко распространетите злоупотреби и нефункционирањето на повеќепартискиот систем.

Според него, анализата на владата покажала дека прекумерниот број политички партии ги зголемува поделбите и ја ослабува социјалната кохезија, пренесува Танјуг. Пред државниот удар, земјата имала повеќе од 100 регистрирани партии, од кои 15 имале претставници во парламентот по изборите во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот