Булевар „Крсте Мисирков“ од утре до недела ќе биде затворена за сообраќај

Ве известуваме дека од утре, сабота (31.08.2019 година) од 8 часот, до недела (1.09.2019 година) до 8 часот, поради градежни работи на бул. „Крсте Мисирков“, посочената сообраќајница целосно ќе биде затворена за сообраќај во правец од Бит пазар према Центар, на потегот од клучката Детелинка до вкрстувањето на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“ (кај Мавровка).

Затворен за сообраќај во посочениот период поради градежни активности ќе биде и

бул. „Кочо Рацин“ во правец према центар, од вкрстувањето со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ со вкрстувањето со ул. „11 Октомври“ (Црвен крст).

Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе возат со изменет режим од вообичаениот.

Линиите 31, 41, 51, 58, 58А, 58Б, 67, 70 и 74 при поаѓањето од Транспортен центар ќе бидат пренасочени кон бул. „Трета македонска бригада“, бул. „Крушевска република“ и од Тутунски комбинат по бул. „Борис Трајковски“ ќе продолжуваат по своите редовни, вообичаени траси.

Во обратен правец сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линијата 73 во правецот од Усје према Скопски саем ќе сообраќа по вообичаената траса, а во обратна насока ќе биде пренасочена по бул. „Гоце Делчев“, ул. „Филип втори македонски“, ул. „11 Октомври“, од каде ќе продолжи по својата редовна, вообичаена траса.

Линиите 8, 9, 18А, 19, 20, 35, 47, 47А, 57, 59, 61, 71 и 81 во правец од Чаир према Бит пазар, од клучката Детелинка ќе бидат пренасочени на бул. „Александар Македонски“, на клучката Континентал на ул. „Беласица“, па десно на бул. „Гоце Делчев“ и од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, сите ќе продолжуваат по своите редовни, вообичаени траси.

Во обратна насока сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линиите 2, 2А, 16, 45, 50, 52, 53, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65В, 66, 66А, 68 и 69 во правец према Транспортен центар и Бит пазар, ќе бидат пренасочени од бул. „Александар Македонски“, на клучката Континентал по ул. „Беласица“ и бул. „Гоце Делчев“ и од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“ сите ќе продолжуваат по своите редовни, вообичаени траси.

Во обратна насока сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линиите 3, 3Б, 5, 7, 15, 15А, 21, 21А, 22, 23, 25 и 27 во насока кон центар, ќе бидат пренасочени од бул. „Кузман Јосифовски Питу“, десно по бул. „Крсте Мисирков“, лево по бул. „Гоце Делчев“, лево по ул. „Филип втори македонски“, десно по ул. „11 Октомври“ и од центар (Рекорд), ќе продолжуваат по своите редовни, вообичаени траси.

Во обратна насока сите линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линијата 17 ќе биде пренасочена од бул. „Кузман Јосифовски Питу“, десно по бул. „Цветан Димов“ од каде ќе продолжи по својата редовна, вообичаена траса.

Во обратна насока на клучката Детелинка ќе продолжи по бул. „Александар Македонски“, на клучката Континентал по ул. „Беласица“, десно по бул. „Гоце Делчев“ и од ул. „Филип втори македонски“ ќе продолжува по својата редовна, вообичаена траса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот