Бугарскиот амбасадор добил устен демарш од МНР зашто Петрова рече „северномакедонски“
Бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде му бил упатен устен демарш поради употребата на терминот „северномакедонски“ од страна на шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова-Чамова.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од Министерството.
На средбата, додаваат оттаму, на амбасадорот му бил упатен устен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северномакедонски партнери“.
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, вчера реагираше на изјавата на Чимова дека имал билатерална средба со новоименуваната министерка за надворешни работи, појаснувајќи дека станувало збор за „кратка размена на зборови на маргините на настан“ во Брисел. Тој исто така реагираше и на користењето на терминот „северномакедонски“ во изјавата на бугарската министерка, оценувајќи го како неточен и несоодветен.
Бугарската министерка Чамова рече дека се сретнала со Муцунски, тој вели: Тоа не беше средба


