Бугарите демантираат: Немало казна за Јомов кој допингуван постигна гол против Македонија Ѓорче Петров

Фото: CSKA Sofia FC

Утрово се појавија информации дека фудбалерот на ЦСКА Софија, Георги Јомов добил нова суспензија од четири години, меѓутоа од клубот брзо ги демантираа таквите тврдења на бугарските медиуми.

ЦСКА Софија се огласи преку социјалните мрежи и тврди дека нова казна за Јомов нема:

„Информациите од медиумите не се точни.  Би сакале да кажеме дека нема нова казна. Ниту еден одговорен орган не го коментирал случајот. На сила е одлуката на 25.08.22, суспензија од 90 дена. Рочиштата сè уште траат, а Јомов допрва ќе ја достави својата одбрана до надлежните институции“, стои во соопштението од ЦСКА

Крилиниот фудбалер беше суспендиран на 25. август кога УЕФА по направените тестови открила дека е позитивен на дехидрохлометилтестостерон. Станува збор за недозволена супстанца која е повлечена од продажба уште во 90-тите години. Фудбалерот беше тестиран на 28. јули после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров во Софија на која Јомов и постигна гол за ЦСКА Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот