Бугарите барале да се нагласи „потеклото“ на Охридската архиепископија, открива проф. Ѓоргиев од Историската комисија
Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања е пред договор за прашањето околу Охридската архиепископија, за кое имала забелешка бугарската страна за учебниците по историја за основно образование.
Препорачано
Македонскиот копретседател на Комисијата, професорот и академик Драги Ѓоргиев, во „Топ тема“ на „Телма“ рече оти очекува историчарите на двете страни да се договорат околу ова прашање веќе на наредната средба или онаа по неа.
Како што рече Ѓоргиев, бугарската страна инсистирала да се нагласи „потеклото на Охридска архиепископија“, додека македонските историчари инстистирале на нејзино претставување како суштински дел од културниот развој на Македонија.
„Прашањето околу кое дискутираме е како да се претстави таа институција во рамки на учебниците. Наше е да ја нагласиме нејзината улога во културниот развој. Остануваат разлики околу тоа кое е наследството на таа институција, тука ставиме јасно до знаење дека важноста на оваа институција за нас е културно историско, а не да бараме политички моменти, тука сме прилично блиско да го оставиме на страна тоа“, рече Ѓоргиев.


