Бугаринот Константин Стоилов најдобар на слаломот на 41. издание на Шарпланинскиот куп

На слаломската трка на 41. издание на Шарпланинскиот куп триумфираше бугарскиот скијач Константин Стоилов.

Стоилов дојде до првото место со вкупно време од 01:32.76 мин., следен од двајца негови сонародници.

На второто место се најде Марко Семерџиев кој заостана +1.28 сек. зад победникот, а на третата позиција е Иван Главчев (+2.07).

Најдобар македонски скијач на овој слалом беше Мирко Лазарески освојувајќи го четвртото место (+2.68 сек.)

Од останатите наши натпреварувачи Виктор Петков заврши на деветтата позиција, додека Един Реџепи и Огнен Јованоски се најдоа на 14-та, односно 15-та позиција.

Првата трка од македонските скијачи не ја завршија Владимир Петков и Влатко Анастасоски, додека дисквалификуван Далибор Петрески. Втората трка не ја заврши Борјан Стрезоски, а дисквалификуван беше Јаков Добрески.

На снежните падини на Попова Шапка има натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Турција, Хрватска, Црна Гора, Грција, Косово и Кипар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот