Бугарија ќе ги испрати во Турција генераторите што ги одби Македонија

Иван Демерџиев/Фото: Скриншот

Бугарија ќе ѝ ги подари на Турција трите генератори што претходно ѝ ги вети на Македонија, објавија бугарските медиуми.

Бугарското Министерство за внатрешни работи вети дека демонстративно ќе испрати генератори на македонската граница откако на Деве Баир беа запрени група бугарски граѓани кои планираа да одат на чествувањето на Гоце Делчев во Скопје, со објаснување дека немало струја на граничниот премин.

БНР вчера објави дека македонските полициајци од Деве Баир одбиле да ги примат генераторите што ги вети министерот Иван Демерџиев, па тие ќе бидат пренасочени кон Турција каде што имало поголема потреба по разорниот земјотрес.

– Се надевам дека Република Северна Македонија ќе собере сила и средства подобро да ја менаџира границата, изјавил Демерџиев, додавајќи дека претстојат конзулски консултации во кои тој се надева дека ќе учествува.

Според него, МВР собира целосна информација за настанот на границата која што потоа ќе му ја достави на македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот