Поради недостиг, Бугарија нема да извезува одредени инсулини и антибиотици

Бугарија ја продолжи забраната за извоз на инсулин, аналози на инсулин и група антибиотици до 23 јануари следната година, врз основа на наредба на министерот за здравство, објавена денеска на веб-страницата на министерството.

Министерството одлучи повторно да ја продолжи забраната поради тешкотии во снабдувањето на аптеките и пациентите, пријави за недостиг и одбивања од големопродажни магацини, објави новини.бг.

Меѓу наведените причини се неправилностите и доцнењата во испораките, како и испораката на помали количини нарачани лекови. Со одлуката на министерството се забранува извозот на лекови од фармаколошките групи инсулин и аналози, SGLT2 инхибитори и лекови за намалување на шеќерот во крвта базирани на семаглутид, кој неодамна широко се користи за лекување на дебелина.

Забраната, исто така, вклучува антибиотици базирани на азитромицин, во фармацевтски форми на прав за орална суспензија и гранули за орална суспензија. Бугарија, исто така, го забрани извозот на месалазин, лек за улцерозен колитис и Кронова болест, чиј недостиг беше пријавен во 79 проценти од бугарските региони.

Забраната за извоз на инсулин првпат ја воведе Министерството за здравство во ноември 2023 година, а испораките повторно ги забрани во февруари оваа година, а потоа ја продолжи забраната во неколку наврати, продолжувајќи ја до крајот на ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот