Бугарија ги повлече рибарите поради опасност од пловечки мини во Црно Море

Црно Море/ Фото EPA/ERDEM SAHIN

Извршна агенција за Рибарство и аквакултура (НАФА) во Варна ги советува рибарите да ги избегнуваат своите активности додека се разјасни ситуацијата со поморските мини кои слободно пловат низ Црно Море.

Тие беа поставени на плажата во Одеса, но биле однесени од невреме и сега се распространети низ Црното Море.

Синоќа прес-центарот на Советот на министри на Бугарија ги идентификува како можна закана за пловечките објекти и бугарската влада соопшти дека ги превзема сите неопходни мерки. Можната опасност ќе биде надгледувана од поморските гранични служби, како и курсевите на сите пловни објекти во водите на Црно Море.

„Ги известивме рибарите од двете најголеми здруженија кај нас да не влегуваат во морето до целосно расчистување на проблемот“, коментира извршниот директор на НАФА, Христо Панајотов.

Денеска препладне во Окружната администрација на Бургас беше свикан итен состанок со релевантните државни институции.

Од населението во окрузите Добрич, Варна и Бургас се бара да биде внимателни, а доколку откријат сомнителни топчести предмети во водата или на брегот, од граѓаните се бара да ги известат службите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот