Бугарија: Демонстрантите одново поставија шатори за блокада на раскрсници во Софија
Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.
Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа ги постави повторно и го блокираше сообраќајот на најмалку три места.
Препорачано
Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди демонстрантите да ги отстранат блокадите. Никој не е приведен во текот на ноќта.
Претседателот Румен Радев прокоментира на Фејсбук дека Владата ја вклучила полицијата во судир со илјадници демонстранти.
„Подготвеноста да се жртвува социјалниот мир во името на политичкиот опстанок е чин на досега невидена политичка ескалација за време на бугарската транзиција. Кризата на бугарската демократија не може да се реши со репресивни и полициски мерки, може само да се продлабочи”, наведе Радев.
Тој смета дека оставките на Владата и на јавниот обвинител ќе бидат првиот чекор кон враќањето на Бугарија во владеењето на правото и демократијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


