„Буба“ Хасани е добредојден во Шкендија

Фото: kf shkendija

Тетовскиот клуб предводен од тренерот Ќатип Османи на прес конференцијата каде што ги споделија очекувањата во пресрет на новито европски двомеч, открија и еден можен трансфер летово.

Запрашани Османи и капитенот на клубот, Арменд Алими дали репрезентативецот Ферхан Хасани би можел да се врати во клубот, еве што одговорија:

– Добредојден е секако Хасани во нашите редови, негова е желбата дали ќе се врати – рече Османи.

Алими го има истото размислување, популарниот „Буба“ секогаш е дел од семејството на ФК Шкендија.

Хасани ја започна професионалната кариера токму во овој клуб, а после Брондби се врати со одиграни 64 натпревари и реализирани 46 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот