Брутално убиство вечерва во Белград: Млад човек избоден со нож, уште едно момче е рането
Ж.Н.
Пред
Вечерва во близина на основно училиште во Белград е убиен 31-годишниот М.А., а ранет е четири години помладиот Б.Д., јавија српските медиуми за последниот случај на брутално насилство во српскиот главен град.
Според „Телеграф“, убиениот М.А. имал четири убодни рани од нож, на кои им подлегнал на самото место. Тој со себе немал документи и полицијата го идентификувала накнадно. Момчето кое е рането, според извори во српското МВР, има повреди на градниот кош и на рамото, но според информациите, не е во животна опасност.
Според првичните информации кои ги објавија српските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, новото крвопролевање на белградските улици се случило кога група млади луѓе седеле на клупа, по што дошол напаѓачот, кој по куса расправија извадил нож и почнал да ги боде.
Неофицијално, дел од медиумите јавија дека полицијата се сомнева оти осомничениот убиец, кој е во бегство, и самиот е ранет, а се работи за престапник кој, како и жртвите на бруталниот напад, од претходно ѝ биле познати на полицијата. На инцидентот, наводно, му претходела расправија меѓу двете момчиња и напаѓачот, по кого полицијата вечерва спроведува масовна потрага.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со пробата – се најдовме со скопскиот бенд „Големата вода“, една од поинтересните музички групи на домашната сцена денес. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Пред проба со бендот „Големата вода“: Младите и музиката во државата се запоставени исто како …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Пред проба со бендот „Големата вода“: Младите и музиката во државата се запоставени исто како децата во книгата 2 ВИДЕОИНТЕРВЈУ | На 20 и 21 јуни ќе се одржи четвртото издание на 3х3 …