ФОТО+ВИДЕО | Бруклин Бекам го прослави роденденот со неговата сакана Никола, ги игнорираше честитките од Викторија и Дејвид
Никола Пелц подготви романтично изненадување за 27. роденден на својот сопруг Бруклин Бекам, а тој комплетно ги игнорираше честитките на неговите родители, додека конфликтот во семејството продолжува.
Препорачано
На социјалните мрежи, Пелц сподели фотографии од декорацијата со која го изненади својот сопруг – просторот беше украсен со златни балони, цвеќиња и подароци, а кутија со розови крофни со зборовите „Среќен роденден Бруклин“ привлече посебно внимание.
Во видеото кое го сподели таа, Бруклин се приближува до изненадувањето и коментира: „Уау, ова е навистина кул“, додека Пелц му вели да си посака желба пред да ги дувне свеќите.

Заедно со објавата на Инстаграм, актерката напиша емотивна порака: „Среќен роденден, љубов. Се надевам дека сите твои соништа и желби ќе се остварат. Ја осветлуваш секоја соба во која влегуваш и сите што те познаваат те сакаат. Ти си најпосебната личност и сакам да бидам твоја сопруга.“
Истиот ден, неговите родители Дејвид Бекам и Викторија Бекам јавно му посакаа среќен роденден на Инстаграм, објавувајќи стари семејни фотографии со пораки за љубов. Сепак, Бруклин не одговори јавно на нивните објави, ниту ги сподели на своите профили.
Дополнително, извор изјавил за „Ентертејмент тунајт“ дека Бруклин не е среќен што неговите родители објавија желби за роденден.
– Ова е токму видот на перформативни, јавни акции на кои Бруклин се обидуваше да им стави крај, но без успех – рекол тој.
Гордон Ремзи му порача на Бруклин Бекам: „Еден ден ќе ги немаш мајка ти и татко ти“


