Брозовиќ ја прифатил понудата, се сели кај Роналдо

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Maрсело Брозовиќ пристигна во Интер во 2016-та година во трансфер вреден пет милиони евра, а после седум години го напушта Милано.

Џанлука Ди Марцио објави дека Интер ја прифатил понудата од Ал Наср во износ од 23 милиони евра за трансфер на хрватскиот фудбалер. Клубот од Саудиска Арабија има огромни амбиции откако го доведе Кристијано Роналдо, а најверојатно пристигнува и Хаким Зијеш.

Имаше понуда Брозовиќ и од Барселона која е фудбалки повеќе атрактивна, но Каталонците имаат финансиски проблеми.

Барса мора прво да продаде неколку фудбалери, па потоа да купува, а на Брозовиќ не му се чекаше. Освен тоа во Каталонија се фокусирани пред се на Илкај Гундоган чиј трансфер е пред реализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот