БРО ги достави наставните програми за седмо одделение

Министерство за образование / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Бирото за развој на образованието го испочитува рокот и навреме ги достави наставните програми за 2024-2025 година за седмо одделение, со што нема да доцни и постапката за изработка на нови учебници, кои ќе бидат изработени по новата Концепција за основно образование.

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, по вчерашниот состанок со БРО, Педагошката служба ќе објави повици за автори и за избор на рецензенти.

– Се очекува процесот на избор на учебници за седмо одделение, графичко уредување и испорака, целосно да заврши пред следниот септември и учениците на првиот училиштен ден, пред себе да ги имаат сите учебници, велат од МОН.

Оваа учебна година шестоодделенците не ги добија навреме учебниците, бидејќи БРО наставните програми ги достави во март годинава и поради тоа, учебниците беа доставени до училиштата кон крајот на октомври.

До сите училишта во Скопје се доставени учебници, Шаќири апелира да не се доцни со наставните програми за следната учебна година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот