Бритни Спирс објави дека е бремена: Пејачката го очекува третото дете
Поп ѕвездата Бритни Спирс објави дека го очекува првото дете со вереникот Сем Асгари. Како што раскажа таа, откако забележала дека малку се здебелила, одлучила да провери зошто е тоа така.
Препорачано
„И така купив тест за бременост и…. бремена сум“, напиша актерката.
View this post on Instagram
Бритни Спирс (40) има веќе два сина, Шон Престон (16) и Џејдан Џејмс (15) кои ги доби во бракот со Кевин Федерлајн.
„Изгледа дека сега нема многу да излегувам“, се пошегува таа по веста за бременоста.
View this post on Instagram
Пејачката проговори за тешките моменти за време на претходните бремености.
„Беше тешко бидејќи се борев со депресијата. Беше ужасно“, изјави таа.
View this post on Instagram
„Жените тогаш не зборуваа за тоа бидејќи луѓето се загрижуваа и сомневаа кога некоја жена се жали, а во себе има дете. Денес жените отворено зборуваат за тоа. Му благодарам на Бог што не мораме тоа повторно да го држиме во себе“, додаде таа.
Бритни додаде дека сега планира секојдневно да се занимава со јога.
View this post on Instagram


