Бритни Спирс ќе биде слободна: Нејзиниот татко по тринаесет години се откажува од старателството

2 БРИТНИ СПИРС И ЏЕЈМС СПИРС
Фото: Instagram

Бритни Спирс (39) со месеци се бореше против старателството што и беше наложено во 2008 година кога пејачката доживеа нервен слом и нејзиното ментално здравје беше нарушено. Спирс во ниту еден момент не се откажа од битката за слобода.

Џејми Спирс (69) остана како последен чувар на нејзиното богатство, а сега конечно се повлече и призна дека тоа е во интерес на неговата ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Господин Спирс ќе соработува со Судот и новиот адвокат на неговата ќерка за да се подготви за трансферот, стои во документот, пренесува  Page six.

Бритни успеа да ја добие битката откако и беше дозволено да има свој адвокат, и тврди дека сите нејзини роднини ја поддржале идејата за отстранување на Џејми од позицијата старател.

Џејми додаде дека јавноста ја поддржува Бритни само затоа што не ги знае сите детали за нејзината состојба во изминатите 13 години, инаку во спротивно секој би бил на негова страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Таткото на Бритни истакнал дека судот знаел дека ја сака својата ќерка и дека се што правел било во нејзин најдобар интерес.

За време на судењето, кога Бритни сведочеше, таа откри шокантни детали:

„Сите што учествуваа во ова заедно со татко ми треба да лежат во затвор“, истакнала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Бритни  имаше исклучително силна поддршка од јавноста, додека медиумите ги следеа сите нови промени во случајот. Се одржаа и протести за нејзината слобода, а популарната ознака #freebritney беше создадена за време на тој процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот