Британски разузнавачи: Некои руски војници не се согласуваат со новите промени, особено околу фризурите и брадите

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Неодамна, генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија, директно ја презеде командата со трупите во Украина. Многумина ова го гледаат како знак дека Москва подготвува нова масовна офанзива, можеби нов напад врз Киев.

Британското Министерство за одбрана, користејќи информации од своите разузнавачи и луѓе на терен, пишува дека Герасимов вовел промени во руската армија. Така, на пример, Британците пишуваат дека војниците почнале да внимаваат да се носи само пропишаната униформа, да се избегнува патување со цивилни возила и користење на мобилни телефони. Исто така, пишуваат Британците, важно е да се внимава и каква фризура имаат војниците.

Сепак, не оди сè без проблеми, сметаат Британците. Мерките беа дочекани со скептични повратни информации. Противниците на ваквите промени најмногу ги исмеваат обидите за стандардизирање на бричењето на војниците.

Некои функционери од Доњецк, се наведува понатаму, велат дека тоа е фарса што го кочи процесот на уништување на непријателот. Военото раководство беше критикувано и од шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, велејќи дека „војната е време на активните и храбрите, а не на полираните“.

Во меѓувреме, руските сили сè уште се блокирани во Украина, без напредок, а во исто време претрпуваат големи загуби. Поради ова, инсистирањето на Герасимов на овие несуштински работи веројатно ќе ги потврди стравувањата на неговите многубројни скептици во Русија, сметаат Британците.

Заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, тој се повеќе се смета за недопирлив и фокусиран на презентацијата наместо на содржината, додаваат на крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот