Британски научници развија тампон за рано откривање на рак на јајници
Научниците во Велика Британија развија медицински тампон кој би можел да ги открие најраните знаци на рак на јајници со анализа на биолошки сигнали во вагиналната течност.
Препорачано
Студијата наречена „Виолет“ вклучува околу 250 жени, вклучувајќи пациентки на кои веќе им се отстранети јајниците поради дијагностициран рак, како и жени со мутација на генот BRCA кои одлучуваат да се подложат на превентивна операција, пренесува „Скај њуз“.
Според „Кенсер рисрч УК“, луѓето со мутација на BRCA имаат поголем ризик од развој на неколку видови рак, вклучувајќи рак на јајници, дојка, панкреас и простата.
Главниот истражувач на студијата, Џема Лонгли, истакна дека во моментов не постои програма за скрининг за рак на јајници и дека превентивните операции можат да предизвикаат хируршка менопауза кај помладите жени.
Консултантскиот гинеколошки онколошки хирург Дејвид Констабл-Фелпс процени дека овој тампон би бил „целосна пресвртница за жените со рак на јајници“, бидејќи овој вид рак често има неспецифични симптоми и се шири „тивко“ во раните фази.
Тампонот е развиен од биотехнолошката компанија „Деј“, а истражувачите планираат пошироко испитување ако прелиминарните резултати покажат ефикасност.


