Британски државјанин почина од коронавирусот

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS

Британски државјанин кој што се наоѓа во крузерот „Дајмонд принцес“, е првата жртва на коронавирус од оваа држава.

Според англиските медиуми се работи за маж, кој е вкупно шеста жртва од крузерот кој веќе неколку недели е во карантин.

Крузерот „Дајмонд принцес“ се држи во карантин во Јокохама од 5 февруари. На него се најмалку 3.700 луѓе, додека заразени се 600 патиници. Во крузерот се и тројца Македонци, од кои еден од нив беше заразен од коронавирусот.

Инаку во Британија досега се регистрирани 19 случаи на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот