Британија со пад на БДП од 2,2 отсто во првиот квартал годинава

Ваквото движење на состојбата со БДП претставува уште полош резултат од претходно прогнозираниот од 2 отсто и истиот претставува најголемо квартално намалување на британската економија уште од 1979 година.

БДП на Велика Британија падна за 2,2 отсто во првиот квартал од годината како резултат на епидемијата предизвикана од корона вирусот. Ваквите податоци доаѓаат по ревидираните статистики на државниот завод.

Ваквото движење на состојбата со БДП претставува уште полош резултат од претходно прогнозираниот од 2 отсто и истиот претставува најголемо квартално намалување на британската економија уште од 1979 година.

Услужниот сектор доживеа рекорден пад од 2,3 проценти, додека производството и градежништвото исто така допринесоа за ваквиот негативен резултат.

На годишно ниво, БДП на Велика Британија е намален за 1,7 отсто во споредба со првиот квартал од претходната година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот