Британија, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на руско злато

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Четири држави од Г7 ќе го забранат увозот на руско злато како дел од новите санкции воведени кон Русија во одговор на нејзината инвазија врз Украина. Тоа денеска го соопшти „Даунинг стрит 10″ на првиот ден од самитот на Г-7 во Германија.

-Тие мерки директно ќе влијаат на руските олигарси и ќе го погодат срцето на воената машина на Путин”, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, кој присуствува на самитот на Г-7 во комплексот Елмау во Баварија.

Заедничката акција е преземена од Велика Британија, Канада, Јапонија и САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот