Британците предупредуваат на 7 нови симптоми на мутираниот коронавирус

Фото Архива на СП

Мутираниот коронавирус наречен VUI 202012/01, кој се појави во Велика Британија, но и оние што се појавија во Јужноафриканската република и во Нигерија, предизвика узбуна ширум светот.

Освен што побрзо се шири, изгледа дека има и малку поинакви симптоми од оригиналниот.

Од Британскиот национален сервис за здравје (National health Service) предупредуваат на седум симптоми на кои треба да се обрне внимание бидејќи почесто се појавуваат кај лицата заразени со мутираниот коронавирус.

Научниците предупредуваат дека покрај веќе добропознатите симптоми како што се покачена температура, сува кашлица и губење на сетилата за мирис и вкус, посебно внимание треба да се обрне и на симптомите како што се умор, губење на апетитот, главоболка, пролив, збунетост, болки во мускулите и осип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот