HC Besancon

Брест ја испрати Ива Младеновска на позајмица во Безансон

Македонската талентирана ракометарка, Ива Младеновска вториот дел од сезоната 2024/2025 ќе го помине во францускиот Безансон каде што ќе настапува на позајмица.

Младеновска сезонава беше дел од екипата на Брест каде што доби шанса и во Лигата на шампионите, но сега ќе собира искуство. Позајмицата во Безансон е од шест месеци.

„Среќна сум што доаѓам во овој клуб и благодарна што имам можност да играм во првата лига во Франција. Со нетрпение чекам да започнам и се надевам многу ќе помогнам на тимот“, изјави Младеновска по потписот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот