Брера Струмица закажа четири контролни мечеви во Анталија

фото: brerastrumica.com

Фудбалскиот клуб Брера Струмица денеска ги отпочна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реалзиираат во три фази. Првата дома во Струмица, втората во Турција во Анталија, додека последната повторно на својот терен.

Тренерот на екипата, Бојан Круљ го имаше првиот тренинг на кој на играчите им ја објасни динамиката на подготвителниот период, но и неговите очекувања за вториот дел од сезоната.

– Во планот е ова недела да биде воведна, да ги одредиме тестирањата и лекарските прегледи. Во овие две недела пред Анталија ќе имаме базично трчање и подготовки за да се подготвиме што подобро. На 24 јануари патуваме за Анталија. Таму ќе имаме четири тест натпревари. Ќе играме со Шабуртало од Грузија, со Черноморец Одеса од Украина, Атирау од Казахстан и Рух Хожов од Полска. Тоа се натпреварите кои ние ги одбравме. Мислам дека се исклучително добри натпревари со кои ќе се потрудиме што подобро да се подготвиме, што подобро да се воигра екипата и што поподготвени да го пречекаме вториот дел од сезоната – рече Круљ.

Од таборот на Брера заминаа неколку играчи, а дојдоа и нови. Подготовките започнаа без Салваторе Рибаудао, Лео Антонио, Франко Нахуел кои на првиот состав ќе се приклучат наредниве денови. Инаку се очекуваат и понатаму нови засилувања.

– Се надевам дека останавме на целта да го задржиме костурот на екипата и со новите засилувања донесеме нешто ново во екипата. Мислам дека екипата поседува сериозен потенцијал, има доста млади талентирани играчи и се надевам дека сето тоа заедно ќе го пакуваме така како што треба – вели Круљ.

ФК Брера Струмица го заврши есенскиот дел од Првата македонска лига на осмото место со вкупно 20 бода. По 18 првенствени кола има пет победи, исто толку нерешени исходи, и осум порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот