Брена го жени најмладиот син: Виктор ги кажа сите детали за свадбата и неговата избраничка Сандра! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ ќе стапне на „лудиот камен“. Наследникот на фолк-ѕвездата и прославениот тениски ас Бобо Живојиновиќ ќе се сврши со студентката Сандра Миљаковиќ следната година.

– Планираме гала-забава со 500 гости. Нас Живојиновиќ не има доста, па мораме да најдеме некој голем простор на отворено. Нема да правиме свадба се додека потполно не се смири ситуацијата со коронавирусот. Но, на мене и Сандра не ни пречи да чекаме, ние се однесуваме како да сме веќе во брак – изјавил Виктор за српски „Информер“ и продолжил:

– Таа ми е голема поддршка во се. Баш пред неколку дена прославивме годишница од нашата врска. Моето семејство е воодушевено од Сандра и за неа имаат само пофални зборови.

Идната невеста по потекло е од селото Будиловина кај Бруса, а во Белград студира Филолошки факултет и се занимава со шминкање.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Sandra Miljakovic (@sandramiljakovic) on

Неодамна со Виктор се вратија од Монако, каде беше на своето прво летување со семејството Живојиновиќ.

– Уживавме на одморот. Сандра и Брена убаво се дружеа, постојано една на друга си ги лакираа ноктите. Одморот на сите нас ни беше потребен, а особено на мајка ми и татко ми, кои останаа во Монако – рекол најмладиот син на Брена и Боба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот