Бремената девојка на Андрија Милошевиќ откри: Добив дијабетес, на ова треба да внимавам

Фото: Инстаграм

 

Актерската двојка Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ при гостувањето во една емисија српската ТВ Прва откриле како се подготвуваат за доаѓањето на приновата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Tomic (@_djedja_)


Александра треба да се породи за еден месец, а како што вели нејзиниот партнер, таа не е трудница која има специјални барања. Актерот гордо откри дека Александра херојски ја поднесува бременоста.

„Таа сѐ херојаски издржа. Сѐ тече одлично. Многу е дисциплинирана. Сѐ добро организира. Јас сум мошне мрзлив. Мислам на храната, на организацијата на животот воопшто. Сето тоа таа го води, а јас ги извршувам тешките работи. Физичките работи. Донеси, земи, поврзи“, се „пофали “ на свој необичен, духовит начин, Андреј.

Александра во емисијата се пожали дека мора да води сметка за исхраната. Причината за тоа е дека добила дијабетес (гестациски дијабетес), што доста често им се случува на трудниците.

– Морам да водам сметка за калориите, затоа што добив гестациски дијабетес во текот на мојата бременост, кој, се надевам, е привремен. Велат дека тоа е честа појава. Не би сакала да дигам врева околу тоа. Но, мора да се води грижа за внесот на јаглехидрати, малку да се намалат. Затоа, морам малку да водам сметка, за да се чувствувам добро. Затоа што носам еден џин. Јас сум мала жена и ако не водам сметка за храната, веројатно би било дополнително тешко. По породувањето морам веднаш да се вратам во театар – рекла Александра.

Што е гестациски дијабетес?

Трудниците можат да имаат два вида на дијабетес, хроничен (предгестациски) со кој влегуваат во бременоста и гестациски кој настанува како последица на зачнувањето.

Гестацискиот дијабетес (труднички дијабетес) се манифестира како намалена толеранција на гликоза, која првпат се забележува во текот на бременоста. Обично се манифестира помеѓу 24. и 28. недела од бременоста. Исчезнува по породувањето, кога хормоните се враќаат на нормално ниво (обично по шест недели од породувањето).

Трудничкиот дијабетес е последица на хормонална нерамнотежа (лачење на хормоните на постелката плацентарен лактоген и прогестерон), кои го блокираат производството на дополнителни, неопходни количини на инсулин.

Доколку во такви услови панкреасот не успее да произведе дополнителен инсулин, кој би обезбедил нормално ниво на шеќер во крвта, се јавува гестациски дијабетес, кој се манифестира како зголемено ниво на шеќер (гликоза) во крвта на трудницата.

ФОТО | Бремената свршеница на Андрија, му врати за сѐ: Актерот е непрепознатлив

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот